Фудбал

Руди Гарсија е нов тренер на Лион

Францускиот фудбалски прволигаш Лион објави дека нов тренер на тимот е Руди Гарсија со кого потпиша двегодишен договор.

Гарсија на клупата на Лион доаѓа на местото на Силвињо, кој беше отпуштен минатата недела по низата лоши резултати. Управата на Лион разговараше и со други кандидати, се спомнуваше Лоран Блан, но со него не се постигна договор, бидејќи тој барал да се смени целиот стручен штаб, и сам да ги одбере соработниците.

Гарсија (55) се согласи да си донесе само еден помошник. Тој е поранешен тренер на Сент Етјен, Дижон, Ле Ман, Лил, Рома и Олимпик Марсеј.

Поврзани вести

Боатенг и Горецка се степаа на тренинг

Галијани: Ќе одам пешки до „Сан Сиро“ ако Монца влезе во Серија „А“

Влатко Зорба

Колина презема „сè“ поврзано со ВАР технологијата

Влатко Зорба

Барселона нема да го ангажира Вилијан

Александар Петровски

Одриозола до крајот на сезоната на позајмица во Баерн

Жесус: Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид