Фудбал

С.Македонија поразена во Виена во квалификациите за ЕП 2020

Фудбалската репрезентација на С.Македонија доживеа пораз со 2:1 на гостувањето кај Австрија во квалификациски дуел за ЕП 2020.

Со вечерашната победа, домаќините си обездија пласман на завршницата на континенталното натпреварување следната година. За нашата селекција останува шансата за пласман на ЕП 2020 преку баражот во Лигата на нации во март. Во полуфиналната пресметка играме со Косово.

Нашата репрезентација на „Ернст Хапел“ излезе во ослабен состав, откако поради повреди не настапија Пандев, Адеми, Алиоски, Муслиу, Несторовски, Николов и Тричковски. Селекторот Ангеловски им даде шанса на неколку дебитанти.

Давид Алаба и Штефан Лајнер беа стрелци за Австријците, додека Влатко Стојановски беше прецизен за „жолто-црвените“ во финишот од дуелот.

На С.Македонија и останува последниот дуел од овој квалификациски циклус со Израел, откако со победа ќе се надеваме на пласман на третото место во групата „Г“.

Поврзани вести

Судот го затвори случајот против Меси

Влатко Зорба

ФК Сеул казнет со 80 000 долари поради секс кукли на трибини

Stefanija Kuzmanovska

ВАР поништил 27 одлуки на судиите во групната фаза на ЛШ

Александар Петровски

Зидан казнет со 1.500 евра, ги прекршил правилата за карантин!

Барселона падна на „Месталја“

Влатко Зорба

Роналдо стана првиот играч на „Старата дама“ од 2005 кој постигна гол на 7 последователни натпревари

Никола Поповски