Фудбал

Санчо: Навистина ми се допаѓа да играм во Дортмунд, ова е посебна група на играчи

Џејдон Санчо, според многумина најдобриот играч на Борусија Дортмунд, конечно проговори за шпекулациите дека летово ќе ги напушти редовите на „милионерите“.

Пред неколку недели се зборуваше за неговиот трансфер во Манчестер Јунајтед, но се чини дека сè стана комплицирано и дека англискиот фудбалер би можел да остане на „Сигнал Идуна Парк“ и следната сезона.

Јунајтед и Дортмунд беа во преговори со недели, Германците им дадоа рок на Британците да завршат сè за трансферот до 10 август, кога „милионерите“ отидоа на подготовките, но очигледно е дека двете страни не можеа да се договорат за висината на обештетувањето.

Дортмунд не се откажува од бараните 120 милиони евра, додека Јунајтед се обиде да ја намали таа бројка и да ја плати на неколку рати.

Она што ќе се случи сега е многу неизвесно, се чини дека Јунајтед повторно прави грешки од минатото кога дозволи преговорите за индивидуалните играчи да се претворат во долги летни саги.

Без оглед на тоа што имаат договор со Санчо, главната пречка не е надмината и тоа може да ги чини трансферот на играчи за кои се верува дека се прва мета на Оле Гунар Солскјер ова лето.

По победата од 6-0 над Алтач во пријателски натпревар, Санчо си ја отвори душата.

„Навистина ми се допаѓа да играм за Борусија. Ова е посебна група на играчи. Имаме уште некои специјални млади играчи што допрва треба да дојдат. Среќен сум што го делев теренот со нив и успеав да ги водам. Порано бев во нивните чевли и знам што ги чека“, рече Санњо.

Што се однесува до Јунајтед, полуфиналниот натпревар од Лигата на Европа ги чека во недела, на 16 август, а противник им е Севиља.

Поврзани вести

Фудбал: Динамо Киев ја елиминира Шкендија од младинската ЛШ

user5

Карлос за најдобриот на светот: Кристијано и Меси не можат да се споредат со него

Јувентус се врати на чело во Серија „А“ по успехот во „Дерби Д’Италија“

Влатко Зорба

Траоре бира дали да игра за Мали или за Шпанија

Влатко Зорба

По конфликтот со Нејмар, на фудбалерот од Олимпик му се закануваат со смрт

Stefanija Kuzmanovska

Балотели преговара за трансфер во романски Клуж

Влатко Зорба