Фудбал

Саутгејт: Имам договор со ФА до 2022 година, нема шанси да си заминам до тогаш

Тренерот на Англија, Герет Саутгејт јасно стави до знаење дека нема намера да го напушти тимот, иако неговото име е силно поврзувано со Тотенхем.

„Петлите“ се во најлоша криза со години, и се чини дека тоа може да доведе до разделба помеѓу Маурисио Почетино и тимот.

Договорот на Саутгејт со ФА е до 2022 година, а тој е повеќе од сигурен дека тој ќе биде одговорен за „Трите лава“ барем до тогаш.

„Јас сум селектор на Англија и за мене е голема привилегија да бидам човекот што ја води репрезентацијата. Јас имам договор со ФА до 2022 година и дотогаш немам намера да одам никаде. Мислам дека тимот може да продолжи да се подобрува под мое раководство“, рече тој.

Поврзани вести

Борусија Менхенгладбах над 30 години не биле во слична форма

Влатко Зорба

Продолжува серијата на Ливерпул, нова жртва беа „волците“

Никола Поповски

Санчо го напушта Дортмунд во летниот преоден рок

Никола Поповски

„Бомба“ во Лисабон! Лион го совлада Сити и излегува против Баерн

Влатко Зорба

Адеми: Останувам во Динамо до крајот на кариерата, освен ако…

Никола Поповски

Пред судот во Лондон: Англичанец го призна нападот врз Езил и Колашинац

user5