Фудбал

Шпански медиум со расистички коментар кон Фати

Антоан Гризман и Барселона први реагираа на текстот на шпански „АБЦ“, во кој расистички беше навредуван фудбалерот на каталонскиот клуб, Ансу Фати.

Тој има само 17 години, а веќе блеска во дресот на Барса, а беше стрелец и при победата од 5:1 против Ференцварош на стартот од Лигата на шампионите.

Така, тој стана првиот играч во историјата на ова натпреварување кој постигнал два гола пред да стапи во полнолетство.

Извештајот на „АБЦ“ предизвика многу полемики.

„Ансу кога трча изгледа како газела, како млад црн уличен продавач, оној што трча во Пасео де Грација и вика „вода, вода“ кога ќе дојде полицијата“, напиша АБЦ, на што Гризман одговори: „Ансу е одлично момче кое заслужува почит како и сите човечки суштества. Кажете му не на расизмот и лошото однесување“, напиша Французинот на Твитер.

Фати е најдобар стрелец на Барселона во новата сезона и се пишува за него и головите кои ги постигнува скоро на дневна основа.

Тој даде четири од нив на пет одиграни натпревари, а има и две асистенции.

Поврзани вести

Караско се врати во Атлетико Мадрид

Фудбалскиот свет на мака: Како ФИФА судија вежба дома за време на коронавирусот? (видео)

Мурињо: Едниот гол на „Тоше Проески“ беше за 5 сантиметри понизок

Влатко Зорба

Шокантно: Гризман поскап од цел тим на Баерн!

Влатко Зорба

Една година подоцна: Реал размислува за разделба со Еден Азар

УЕФА нема резервен план за ЛШ

Влатко Зорба