Фудбал

Сите играчи на Сити стануваат слободни агенти?

Секој од фудбалерите на Манчестер Сити, како и тренерскиот штаб на тимот, на чело со Пеп Гвардиола, може да го раскине неговиот договор еднострано и да стане слободен агент. Ова го пријавува еден од водечките адвокати за спортско право во Англија, Џон Мерзад.

„Граѓаните“ се строго казнети од УЕФА за нарушување на финансискиот ферплеј и им е забрането учество во Лигата на шампионите во наредните две сезони, како и казна од 30 милиони евра.

Според Мерзад, кој претставува голем број на познати играчи, менаџери, агенти и клубови, тој тврди дека клубот прекршил една од клаузулите за приватност во договорите на фудбалерите на „граѓаните“, што им дава право еднострано да ги раскинуваат договорите или да бараат подобрување на финансиските параметри.

„Сити фундаментално ги крши договорите на играчите, давајќи им право да заминат или да бараат подобри финансиски услови за да останат“, рече Мерзад.

Поврзани вести

Коронавирус во фудбалот: Најголема потенцијална загуба во процент е измерена за Олимпик Марсеј, втор најоштетен е Интер

Прва забрана во Премиер лигата поради коронавирус

Список на шпанската фудбалска репрезентација: Вилјареал со повеќе играчи од Барса и Реал М. заедно

user5

Ливерпул и Манчестер сити забележаа победи со резултатски пресврт

Влатко Зорба

Јовиќ избегал од самоизолација: Ќе добие кривична пријава

Наполи го отпушти Анчелоти

Влатко Зорба