Фудбал

Сити без Агуеро против Лион, сè уште е во Барселона

Фудбалерите на Манчестер Сити ќе играат натпревар од четвртфиналето од Лигата на шампионите без помош на еден од најдобрите фудбалери од последните сезони, напаѓачот Серхио Агуеро.

Англискиот вицешампион ќе игра со Лион вечерва од 21 часот, но менаџерот Пеп Гвардиола откри дека Аргентинецот сè уште не е најподготвен по операцијата на коленото што ја имаше во јуни.

„Серхио се уште е во Барселона. Мислам дека тој ќе дојде наскоро и ќе помине тестови. Тој сè уште се опоравува таму, тој нема да може да ни помогне“, вели менаџерот на „граѓаните“.

Кога го нема Агуеро, целото внимание на нападот на Сити е насочено кон Бразилецот Габриел Жесус, еден од најдобрите во последниот дуел од осминафиналето со Реал.

„Тој е тој што секогаш ни помага, не само со голови, туку и со играта воопшто. Секако, најважната работа за напаѓачот е да погодува. Големите играчи се покажуваат на голема сцена, а против кралот на ова натпреварување, Реал, тоа го покажа двапати. Тој го направи тој чекор кога може да каже, јас сум тука, можам сам да решавам натпревари“, додаде Гвардиола.

Поврзани вести

Трамп и Макрон на иста линија: СЗО треба да се реформира

Влатко Зорба

Барселона нема да го продаде Гризман

Алегри се подготвува за Манчестер Јунајтед: Не зборувам добро англиски, ама учам

Maja_Serafimova

Дали Покетино ќе го преземе кормилото на Јунајтед?

Никола Поповски

Челниците на Јунајтед се убедени дека Погба го одиграл својот последен натпревар за клубот

Иличиќ се запиша во историјата на ЛШ откако постигна пет гола на два меча од осминафиналето со Валенсија