Фудбал

Сити го надигра Јунајтед на „Олд Трафорд“ во полуфиналето на Лига Купот

Манчестер Сити победи со 3:1 против Манчестер Јунајтед во дербито од 1/2-финалето за Карабао купот, одиграно на „Олд Трафорд“.

„Граѓаните“ тотално го надиграа својот градски ривал и се близу до третото последователно финале на турнирот. Во првите 45 минути „црвените ѓаволи“ беа буквално прегазени и трите гола на гостите беа најмалку, што домаќините можеа да ги примат

Головите ги реализираше Бернардо Силва во 17-та минута, Ријад Марез (33) и Андреас Переира, кој си постигна автогол (39). По паузата Сити продолжи да ги диктира настаните на теренот, но во 70. минута Маркус Рушфорд со својот нов гол остави минимални надежи за Јунајтед пред реваншот на „Етихад“ на 29 јануари.

Лестер утре ја пречекува Астон Вила во другиот 1/2-финален судир.

Поврзани вести

Словенија убедливо ги надигра македонските футсалци

user5

Конте го договори својот „џокер“ – Жиру доаѓа на „Меаца“

Влатко Зорба

Со саудиски пари Олимпик Марсеј ќе ја руши хегемонијата на ПСЖ?

Маскирани хулигани го прекинаа мечот меѓу младинците на Олимпијакос и Баерн (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Англиски медиуми: Сити започнува преговори со Меси

Влатко Зорба

Џерард го чека синот на Хаџи