Фудбал

Скандал: Нејмар му се дерел на Јапонец дека е „кинеско гом*о“

Бразилецот Нејмар во среда ќе се најде пред Француската дисциплинска комисија во врска со инцидентот на мечот со Марсеј во Лига 1, кога доби црвен картон.

Многу работи се случија на тој 13 септември на „Паркот на принцовите“. Беа поделени дури пет црвени и 14 жолти картони.

Нејмар беше исклучен поради бројни конфликти, а сега на шпанското радио „Кадена Сере“ се појави снимка на која се гледаат низа навреди кои Бразилецот ги изговара кон Јапонецот Сакаи.

Во налет на бес, Нејмар во неколку наврати повторувал „Кинеско гом*о“, а камерите го снимија сето тоа.

Тој тешко ќе може да избегне суспензија по недопуштеното однесување за една суперarвезда, која треба да биде пример за другите со своето однесување.

Да биде целата ситуација уште полоша за Нејмар, по поразот од неговиот тим и црвениот картон, тој упорно повторувал дека Алваро го навредувал на расна основа и дека бил жртва.

Снимката го покажува сосема спротивното, а останува на комисијата да одлучи колкава казна го очекува Бразилецот поради „долгиот јазик“.

 

Поврзани вести

Барселона го проценува Кутињо на 90 милиони евра

Динамо Загреб освои бод во Украина, Мората му донесе победа на Атлетико (ВИДЕО)

Maja_Serafimova

Серија „А“ се враќа на 24 мај?

Ливерпул повторно купува офанзивен играч со потекло од Балканот?

Никола Поповски

Кривична за албански тренер кој тепал и навредувал млади фудбалери во Лач

user5

Клоп: Како да се зајакне ваков тим ? Нема да потрошиме милиони!

Влатко Зорба