Фудбал

Солскјер ќе купува двајца нови во зима

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјаер, сака да го засили својот тим преку зимскиот преоден рок, по слабиот старт на првенството во Англија.

„Црвените ѓаволи“ го заземаат 10-тото место со само 9 бода по првите 7 натпревари во сезоната. Ова го принуди Солскјаер да бара замени во нападот и средниот ред на тимот, со тоа што двете споменувани имиња за трансфери на „Олд Трафорд“ се оние на Шон Лонгстаф и напаѓачот на Лион, Муса Дембеле.

Дембеле е оценет високо од страна на „децата“, како и генерално во Франција, каде се смета за следниот голем француски стрелец. Јунајтед се надева дека понудата од околу 50 милиони фунти ќе биде доволна за да потпише со него.

Играчот од средниот ред на Њукасл, Лонгстаф, од своја страна, повеќе од 6 месеци бил следен од скаутите на „црвените ѓаволи“. Гигантот од Манчестер сакаше да го привлече играчот од средниот ред во текот на летото, но договорот така и не се оствари.

Поврзани вести

Гризман: Можеби никогаш нема да видиме фудбалер како Меси

Влатко Зорба

Емери пред отказ по новиот пораз на Арсенал

Влатко Зорба

Чеферин го уверува Ливерпул: Нема да ве оставиме без титула!

Влатко Зорба

Зидан за Мбапе: Во моментов тој е играч на ПСЖ, ќе видиме што ќе се случи во иднина

Хајнер: Милер е симбол на Баерн, како што Октоберфест е на Минхен

Лампард жали за своите зборови: Би се напил пиво со Клоп

Влатко Зорба