Фудбал

Солскјер ќе остане во Јунајтед, дури и при пораз од Ливерпул, тврди „Тајмс“

Оле Гунар Солскјер ќе ја задржи својата менаџерска позиција во Манчестер Јунајтед и при пораз против Ливерпул на „Олд Трафорд“ следната недела, пренесува британски „Тајмс“.

Директорите на клубот се решени да бидат „трпеливи со Норвежанецот“, па дури и оствариле неколку состаноци со него за трансфер плановите за следното лето.

Солскјер изгледаше дека е на излезна врата по неговиот трет пораз во сезоната во неделата, кој го остави Јунајтед на 12. место во пласманот со два бода над зоната за испаѓање. Сепак, изворите на „Тајмс“ од „Олд Трафорд“ тврдат дека Норвежанецот нема да замине ниту пред натпреварот, ниту по Ливерпул, без оглед на исходот.

Самиот Солскјер оваа недела изјави дека средбата со Ливерпул е „совршена можност“ за неговиот тим да излезе од привремената криза. Еден успех ќе стави крај и на серијата на „Мерсисајд“, кои се на работ на рекордот на Манчестер Сити од 18 последователни победи во Премиер Лигата, што несомнено ќе има значителни последици и во двете соблекувални.

Последната победа на „Олд Трафорд“ за Ливерпул е од сезоната 2013/2014 година, а во претстојниот меч ќе се врати ѕвездата на тимот Пол Погба. Тој ги пропушти последните два меча на својот тим поради повреда на глуждот.

Поврзани вести

Погба во почетниот тим на Јунајтед за „Боксинг деј“

Уште еден Германец на Стемфорд Бриџ: Трансфер вреден 89 милиони фунти

Никола Поповски

Лампард: Знам дека Кепа е во центарот на вниманието, но тој не е единствен виновник за нашите неуспеси

Никола Поповски

Нема да чекаме долго за почеток на новата сезона во Премиер лигата

Влатко Зорба

Само 51% шанси за продолжување на Серија „А“

Влатко Зорба

Манчестер cити постави рекорд во Премиер лигата

Stefanija Kuzmanovska