Фудбал

Солскјер: Теренот на АЗ Алкмар е еден од најлошите кои сум ги видел

Манчестер јунајтед утревечер ќе гостува кај холандски АЗ Алкмар во меч од Лига Европа, а менаџерот на „црвените ѓаволи“ веќе има алиби за евентуалниот неуспех.

Оле Гунар Солскјер, по тренингот на стадионот во Хаг, изјави дека теренот на кој ќе се игра мечот е еден од најлошите кои ги видел во животот. Теренот на кој АЗ Алкмар привремено игра како домаќин има вештачка трева.

– Во ред е да има вештачка трева на Северниот пол или кај мене во Норвешка кога во март, ноември или декември не може да се игра фудбал. Но, тука во Холандија, климата не е таква, изненаден сум. Во Норвешка има многу терени со вештачка трева, но овој е еден од најлошите терени што сум ги видел. Ќе биде тешко да се контролира топката. Се надевам дека по мечот нема да го кажувам ова како оправдување и дека ќе освоиме три бода, рече Солскјер.

Поврзани вести

Мурињо сака Кондогбија да го замени Ндомбеле

Влатко Зорба

На Нејмар снимањето реклами му е поважно од рехабилитацијата, велат од ПСЖ

Влатко Зорба

Интер подготвен да се раздели со Лаутаро Мартинез за 111 милиони евра

Тренерот на Леганес: Ла Лига продолжува на 20 јуни

Никола Пепе го брани Љунгберг: Критикувајте ги играчите, а не тренерот!

Влатко Зорба

Рајола: Навивачите на Милан треба да ми се извинат

Никола Поповски