Фудбал

Состојба пред разделба: Манџукиќ повеќе не тренира со Јувентус

Дојде крајот на врската меѓу Марио Манџукиќ и Јувентус. Хрватскиот напаѓач повеќе не тренира со „старата дама“ и во очекување е на договор на сите детали околу неговиот трансфер во Милан.

Ситуацијата ја потврди и тренерот на Јувентус, Маурицио Сари.

„Во договор со клубот, Марио повеќе не тренира со нас. Ако се промени нешто во неговиот договор со управата, јас сум отворен за разговор“, порача Сари.

Манџукиќ е без минутажа кај „црно-белите“ по доаѓањето на Сари, па логично е незадоволството кај фудбалерот. Низ медиумите се споменуваа неколку дестинации како можни наредни во кариерата на напаѓачот, но изборот најверојатно ќе падне на Милан.

Поврзани вести

Ливерпул го декласираше Лестер и поведе со 13 поени во Англија

Влатко Зорба

Лампард за Кавани: Одличен фудбалер, на тимот му треба искуство

Влатко Зорба

Гвардиола и Стерлинг се огласија по повод актуелната ситуација во клубот

Никола Поповски

Младите фудбалери до 19 години се пласираа во Елитна фаза квалификации за ЕП

Златан останува во Милан и без ЛШ

Влатко Зорба

Kлоп: Не сум загрижен за резултатот, Симеоне не ја следеше играта, се занимаваше со анимирање на публиката

Никола Поповски