Фудбал

Суарез го раскина договорот со Барса, но клубот ќе му плати само „дел од колачот“ од 24 милиони

Луис Суарез повеќе не е член на Барселона! Така барем тврди станицата „RAC1“, која наведува дека уругвајскиот напаѓач добил чисти документи и ќе може без проблеми да потпише со кој било клуб!

Сепак, наводно Барселона ќе треба да му исплати дел од платата од 24 милиони што требаше да ја добие во последната година од договорот. И тој висок приход е една од причините зошто Барса сакаше да се откаже од Суарез, кој полека влегува во доцните години на играње (во јануари наполни 34 години).

Главен кандидат да го привлече е Атлетико Мадрид, кој работи напорно да го пушти Алваро Мората да замине во Јувентус. Прво на позајмица од 10 милиони, па уште 45 следното лето ако Шпанецот го задоволи Андреа Пирло.

Што се однесува до Суарез, тој помина шест години на „Ноу Камп“ и за тоа време стана трет стрелец во историјата на клубот со 198 погодоци.

Поврзани вести

Скандал во Словенија: Селекторот на У21 ги малтретирал фудбалерите, не ги оставал ни да јадат?

Никола Поповски

Ново долго отсуство на Дембеле?

Никола Поповски

„Меси веќе има нов клуб“: Дали на повидок е најголемиот трансфер во историјата на фудбалот?

Никола Поповски

Лампард сака да го види Алаба во Челзи

Влатко Зорба

Ибра ќе биде подготвен за дербито со Рома

Влатко Зорба

Клоп: Исклучително сум горд на своите играчи и се надевам дека тоа е случај и со навивачите