Фудбал

Светот оваа година нема да добие Најдобар фудбалер!

Како што пренесува „Марка“, ФИФА годинава нема да ги додели наградите „The Best“ за најистакнатите личности од светот на фудбалот.

Церемонијата за доделување на наградите за најдобри поединци требаше да се одржи во септември во Милано, но тоа нема да се случи поради пандемијата од коронавирус.

Така, никој нема да ја добие наградата за најдобар играч на светот во селекцијата на ФИФА за 2020 година.

ФИФА продолжи да ги спроведува мерките, како што истакна претседателот Џани Инфантино, а со пандемијата ќе се справува со најголема претпазливост.

Светското првенство за жени до 20 години и под 17 години веќе е откажано, тие се преместени во февруари следната година, како и Светското првенство во футсал, кое исто така е преместено во 2021 година.

Единственото натпреварување кое ФИФА не го „чепна“ беше Светското клупско првенство, што ќе се одржи во Абу Даби во декември.

Што се однесува до другите поединечни награди, „Франс Фудбал“ сè уште не одлучил што да прави за церемонијата за доделување на наградата „Златна топка“, која се одржува секоја година од 1956 година.

УЕФА треба да ги распредели наградите на крајот на август, кога, како по правило, се одржува ждрепката за групната фаза од Лигата на шампионите, но сето тоа може да се премести.

Што се однесува до „Златната копачка“, таа не е во надлежност на ФИФА, но и овие награди се под знак прашалник, затоа што прекинати се некои првенства, како што е Француската Лига 1, па многу играчи нема да имаат можност да ги подобрат своите перформанси.

Поврзани вести

Роналдо: Да останев во Реал, ќе освоев уште две „Златни топки“

Влатко Зорба

Играше за Барселона во нејзиниот најдобар период, а вчера потпиша за Славен Белупо (фото)

Никола Поповски

Сетиен: Сакам на мојот надгробен споменик да пишува дека сум ја освоил ЛШ со Барса

Влатко Зорба

Кејн најдобар стрелец во квалификациите за ЕП

Влатко Зорба

Зидан не ќе може да смета на Азар за „Ел Класико“

Меси заработил 127 милиони долари во минатата година