Фудбал

Талентираниот Тонали и официјално нов фудбалер на Милан

Фудбалскиот клуб Милан официјално го обезбеди потписот на талентираниот италијански играч за врска, Сандро Тоналио.

Тонали дојде од Бреша во форма на едногодишна позајмица која „росонерите“ ќе ја платат десетици милиони евра.

Следното лето ќе имаат можност да го купат за 15 милиони евра доколку сакаат, а трансферот ќе вреди вкупно 35 милиони евра, со разни бонуси.

„Возбудени сме што го пречекуваме Сандро во семејството на „росонери“. Тој е талентиран, млад играч за врска и не само што ќе ги прифати вредностите на Милан, туку и значително ќе придонесе за успехот на клубот во иднина“, изјави техничкиот директор на тимот, Паоло Малдини.

Тонали, кој играше за националниот тим во шест наврати, постигна шест гола за Бреша на 89 натпревари во текот на три сезони.

Тој ќе го носи дресот со број 8, што ќе му го исполни детскиот сон, а тоа е и причината поради која тој реши да замине во Милано, покрај интересите на многу други клубови како Барселона и Манчестер Јунајтед.

Поврзани вести

Мангала потврди дека е заразен со коронавирус, но немал никакви симптоми

Влатко Зорба

Kлоп: Не сум загрижен за резултатот, Симеоне не ја следеше играта, се занимаваше со анимирање на публиката

Никола Поповски

Шут карта во Истанбул: Бешикташ во јануари може да го врати Кариус во Ливерпул

user5

Казна од УЕФА: Франција ќе плати 20.000 евра за пропустот со албанската химна

user5

Реал нема намера да го враќа Роналдо

Суарез ги договорил личните услови со Јувентус

Александар Петровски