Фудбал

Трансфер прозорецот во Англија ќе трае со месеци?

Англиската фудбалска лига (ЕФЛ) размислува за промена на рокот на трансфер прозорецот поради епидемијата на коронавирус. Треба да започне по завршувањето на годинашните натпревари на Островот и да трае до крајот на јануари 2021 година.

Повеќето клубови се за таа идеја, иако е нејасно кога воопшто ќе заврши сезоната.

Пред две недели, ЕФЛ објави дека сезоната може да се заврши во рок од 56 дена од повторното започнување, додека властите на Островот сè уште не поставиле упатства за започнување на фудбалот на највисоко ниво.

БиБиСи објави дека во средата е одржана средба помеѓу претставниците на ЕФЛ, Англиската фудбалска федерација (ФА) и раководството на Премиер лигата, при што продолжувањето на преодниот рок била главна точка на агендата.

Во исто време, со неизвесноста околу продолжувањето на сезоната, се поставуваат прашања за тоа што ќе се случи со постојните договори и какви ќе бидат буџетите на тимот за следната сезона.

Бидејќи Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) ги донесува конечните одлуки во врска со измените во роковите, ЕФЛ прво ќе треба да го побара мислењето на фудбалската централа.

Сепак, ФИФА веќе објави дека ќе биде „флексибилна“ во донесувањето на своите конечни одлуки, залагајќи се за регуларноста и интегритетот на натпреварувањата.

Поврзани вести

Оле подготвува офанзива за Ракитиќ

Влатко Зорба

Саутгејт: Ќе ги почитуваме правилата на УЕФА, се останато се хипотези

Влатко Зорба

Роналдо со гол од пенал во последната минута го спаси Јуве од пораз на Сан Сиро (ВИДЕО)

Александар Петровски

И тоа се случи, Рајола доби отказ!

Влатко Зорба

Деле Али суспендиран за еден натпревар поради објава за коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Американката Меган Рапино ја освои „Златната топка“ кај жените