Фудбал

Црвена звезда ги намали платите на играчите за 50 отсто

Српскиот шампион Црвена звезда е уште еден клуб кој ги намали платите на играчите поради пандемијата од коронавирусот.

Фудбалерите ја прифатија понудата на раководството да добијат само половина од нивните плати во наредните три месеци, објави генералниот директор на клубот Звездан Терзиќ.

– Играчите потврдија писмено дека прифаќаат нивните плати да бидат намалени за 50 проценти во текот на следните три месеци. Во јули повторно ќе разговараме за ситуацијата, а потоа финансиската слика ќе биде појасна. Екипата ја разбира ситуацијата и покажа дека сме избрале играчи со карактери, не само добри фудбалери, изјави Терзиќ за српските медиуми.

Поврзани вести

Кој не би сакал да биде соиграч на Меси, прашува агентот на Лаутаро

Влатко Зорба

Роналдо наполни 35 години, Нејмар слави 28 роденден

АИПС: Меси и Бајлс спортисти на годината

Претседателот на асоцијацијата на фудбалерите во Италија: Невозможно е да се игра во април

Влатко Зорба

Санчо на лето би можел да се пресели во Манчестер јунајтед

Клоп: Игравме убаво во основните 90 минути и тогаш требаше да го решиме мечот