Фудбал

Ван Дајк оди на операција, непознато кога ќе се врати на терените

Фудбалерот на Ливерпул, Вирџил ван Дајк ќе биде подложен на операција на лигаментите на коленото и ќе паузира неколку месеци, објавија денеска британските медиуми.

Ван Дајк се повреди по стартот на голманот на Евертон, Џордан Пикфорд, за време на натпреварот (2: 2), во саботата во Премиер лигата.

По прегледот, утврдено е дека Ван Дајк ги скинал лигаментите на коленото.

Според Би-Би-Си, сè уште не е познато кога ќе се изврши операцијата, бидејќи таа допрва треба да се организира.

Клубот не соопшти дали Ван Дајк ќе се врати на терените оваа сезона, бидејќи сè ќе зависи од рехабилитација.

Ван Дајк е еден од најдобрите играчи во Ливерпул, откако дојде во клубот во јануари 2018 година.

Тој ги одигра сите натпревари во Премиер лигата во претходните две сезони и ја освои титулата со Ливерпул, прва за клубот по 30 години. Во 2019 година тој ја освои Лигата на шампионите со „црвените“, како и Светското клупско првенство.

Поврзани вести

Челси стана најуспешниот клуб во историјата на лондонските дербија

Ивана Рамаданова

Ибрахимовиќ: Едниот е силен, заедно сме посилни

Никола Поповски

Коронавирус во фудбалот: Најголема потенцијална загуба во процент е измерена за Олимпик Марсеј, втор најоштетен е Интер

Гатузо го менува Анчелоти во Наполи

Џонс и Туанзебе аут за Јунајтед за дербито со Тотенхем

Влатко Зорба

Халанд руши рекорди во Бундеслигата