Фудбал

Венгер: Ливерпул може да заврши без пораз

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер, верува дека Ливерпул е на пат да ја помине цела сезона во Пемиер лигата без пораз. Французинот тоа го постигна во сезоната 2003/2004, кога неговите „недопирливи“ не загубија ниту еден натпревар.

Во последните неколку недели, многумина веруваат дека никој нема да го спречи тимот од Мерсисајд да ја освои својата прва титула по 30 години.

– Тие беа толку блиски минатата година, а сега се на пат да завршат без пораз. Сепак, мислам дека Ливерпул го чека овој момент – да ја освои Премиер лигата, а тоа е првата цел“, рече Венгер.

„Да не ја освоиш титулата 30 години – никој не би го претпоставил тоа. Тоа е нивната главна цел. Тие се во добра позиција и се на пат да го постигнат тоа затоа што нивниот главен конкурент е веќе далеку зад нив“, додаде тој.

Минатата сезона „црвените“ имаа предност од 10 поени над Манчестер Сити, но екипата на Гвардиола успеа да ја надомести негативата и да заврши на прво место.

„Погледнете колку голови постигнуваат и колку дозволуваат. Тие се многу добри. Тие играат паметен фудбал, играчите донесуваат паметни одлуки на теренот. Од моето искуство, кога не изгубивме цела сезона, знам дека фудбалерите добиваат поголема самодоверба и знаат, дека ако играат како досега, тие можат да победат на секој натпревар“, рече Венгер.

Поврзани вести

Рио Фердинанд: Кој ги купува овие играчи во Манчестер јунајтед?

Никола Поповски

Вудвард: Сакаме долгорочна соработка со Солскјер

Ибрахимовиќ: Едниот е силен, заедно сме посилни

Никола Поповски

Зидан по новиот кикс во Примера: Лут сум, заслуживме повеќе

Влатко Зорба

Грнчаров: Парите што ги зема ФК Вардар од Лига Европа отидоа кај ракометниот клуб, сега нека бараат помош таму

Ц. Звезда пред 29 години стана европски првак: Панчев го реши Олимпик Марсеј (видео)