Фудбал

Венгер: Tрипати му откажав на Реал Мадрид и веројатно згрешив

Поранешниот менаџер на Арсенал, Арсен Венгер призна дека понекогаш жали за трите одбиени понуди, кои ги добил од Реал Мадрид.

„Реал Мадрид ме контактираше три пати, но јас постојано одбивав. Во Арсенал, ја имав целата моќ и се плашев дека нема да бидам толку среќен во Мадрид. Тоа беше ризик што не го преземав. Денес понекогаш размислувам за тоа и се прашувам дали направив грешка поради тоа што го одбив Реал Мадрид. Сепак, не можете да го промените минатото“, изјави Арсен Венгер за „Беин Спортс“.

69-годишниот Венгер, на чело на Арсенал стана шампион три пати. Тој беше менаџер на тимот од 1996 до 2018 година.

Поврзани вести

По Премиер лигата, продолжува и Чемпионшип

Влатко Зорба

По Брегзит, Меси и Роналдо нема да смеат да влезат на Островот

Влатко Зорба

Манчестер повторно е црвен!

Влатко Зорба

Буфон останува во Јувентус уште една година

Влатко Зорба

Ремито во Белгија не го вознемири Анчелоти

Влатко Зорба

Строги протоколи за завршницата на ЛШ и ЛЕ

Влатко Зорба