Фудбал

Вилијан упати писмо до фановите на Челси пред трансферот во Арсенал

Еден од најдобрите играчи на Челси во изминатите сезони, Вилијан дефинитивно ќе ги напушти редовите на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Бразилецот објави писмо на социјалните медиуми во кое им се заблагодари на навивачите на Челси за поддршката што ја имаше сите овие години откако дојде во Лондон во август 2013 година.

„Поминаа прекрасни седум години. Кога добив понуда од Челси во август 2013 година, бев убеден дека ова е вистинското место каде треба да играм. Сигурен сум дека тоа е најдобрата одлука. Имаше многу среќни моменти, имаше некои тажни, имаше и трофеи, но секогаш имаше многу емоции“, напиша Вилијан.

Тој имаше голем успех со Челси, двапати беше англиски шампион, а ги освои и Лига и ФА Купот, како и трофејот во Лигата на Европа.

„Научив многу за себе. Се развив многу, станав подобар играч и подобра личност. Со секоја тренинг сесија, секој меч, секоја минута помината во соблекувалната – постојано учев. Благодарен сум на навивачите на Челси за љубезноста со која ме пречекаа на „Стемфорд Бриџ“ и за нивната поддршка за време на мојот престој во клубот“, заклучи Вилијан.

Искусниот крилен играч, најверојатно, ќе игра во соседството, поточно во тимот на Арсенал.

Островските медиуми пишуваат дека проблемот со Челси е во тоа што тој барал тригодишен договор, додека директорот на Марина Гранковскаја била непопустлива и сметала дека пократок договор е подобра опција.

Вилијан одигра 339 натпревари за Челси и постигна 63 гола на сите натпреварувања.

Поврзани вести

Кавани до Меси: Дојди да се разбереме како мажи! (ВИДЕО)

Влатко Зорба

Бејл имитира како игра голф за време на тренинг со Реал (ВИДЕО)

Аргентинецот е нов крал на стрелците: Меси – Роналдо 608:606 во постигнати голови

user5

Погба повторно се повреди

Влатко Зорба

Со играч помалку, толку можевме: Реми на Македонија во Грузија

Никола Поповски

Рома сака да го откупи Смолинг, Јунајтед бара 22 милиони евра