Фудбал

Во досега невидена хуманитарна акција, Рашфорд нахранил 2,8 милиони деца

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд започна голема хуманитарна акција, за што доби соодветно признание.

Градот упати голема честитка кон фудбалерот на „црвените ѓаволи“, за неговиот личен придонес и активирање на голем број луѓе, со цел да им помогне на оние кои се загрозени за време на пандемијата од коронавирусот со донации.

Иако не сакаше да го потенцира својот чин, Рашфорд се огласи на социјалните мрежи, токму затоа што сакаше да им се заблагодари на сите што донираа во неговата акција.

– Секако, не би објавувал вакви работи, но ова признание не припаѓа само на мене, туку на сите вас. Секој од вас кој донираше барем неколку фунти направи голема разлика и помогна на 2,8 милиони деца да добијат оброк за време на овој карантин, заради ВАШАТА помош. Не можев да го сторам тоа сам без вас и организацјата „Fareshare“. Убаво е чувството кога вашиот град ве препознава, а уште од моите млади денови знаев дека сум во добра позиција да помогнам и горд сум на она што заедно го постигнавме“, рече Рашфорд.

„Сите сте суперeѕвезди, а ние нема да застанеме додека децата и родителите не се во ситуација да бидат безгрижни заради следниот оброк“, додаде ѕвездата на Јунајтед.

Поврзани вести

Чеферин: Следиме сè околу коронавирусот и во моментов нема откажувања на натпреварите во Лигата на шампионите

Клоп кон новинар: Мене ме прашуваш за корона? Носам бејзбол капче и не знам ништо!

Александар Петровски

Роналдо останува во Португалија уште неколку дена

Гол сушата на Меси трае 134 дена

Влатко Зорба

Клинсман сака Херта да стане шампион за 5 години

Влатко Зорба

Ракитиќ рече „не“ за Манчестер Ј., семејството е за Париз или Милано

user5