Фудбал

Вооружени напаѓачи влегле во домот на Лука Тони

Поранешниот репрезентативец на Италија, Лука Тони, бил мета на вооружени разбојници.

Според италијанските медиуми, крадците провалиле во куќата на семејството Тони, во моментот кога сите биле заедно.

Тие наводно му наредиле на Тони да ги предаде сите свои скапоцености.

„Криминалците добро ги знаеја навиките и движењата на семејството Тони. Тројца провалиле во вилата, а четвртиот чувал стража. Имало автомобил пред вилата, подготвен да побегне. За среќа, децата не беа вклучени во овој драматичен настан“, се наведува во извештаите.

Тони сепак се огласи на социјалните мрежи.

„Вистина е дека имаше инцидент во четвртокот вечерта. Тројца вооружени мажи влегоа во нашата куќа додека јас бев таму со моето семејство. Тие имаа маски и земаа сè што можеа да понесат. Ова е траума за мене, особено за моите деца, но најважно е дека сите сме добро. Полицијата пристигна брзо затоа што еден од соседите виде што се случува. Сепак, тие успеаја да избегаат, а на камерата не може многу да се види. Сега само барам приватност за себе и за семејството“, напиша Тони на Инстаграм.

Тони во својата кариера има играно за голем број клубови, а ја заврши кариерата во 2016 година во Верона.

Поврзани вести

Ибрахимовиќ ќе стане играч на Милан

Влатко Зорба

Јунајтед дефинитивно ќе бара напаѓач во зима

Влатко Зорба

Кавани донел одлука за својата иднина

Влатко Зорба

Скандалозни објави на сопругата на српски фудбалер за ситуацијата во САД: „Тепајте ги уште посилно, одвратната стока ги пали црквите“ (фото)

Никола Поповски

Клоп: Игравме убаво во основните 90 минути и тогаш требаше да го решиме мечот

Лапорта се враќа и најавува одлични работи за Барселона

Stefanija Kuzmanovska