Фудбал

Зидан казнет со 1.500 евра, ги прекршил правилата за карантин!

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан ги прекрши правилата за карантин со напуштање на шпанскиот главен град, јавуваат локалните медиуми!

Зидан, наводно, отишол во село во близина на Мадрид, каде купил имот минатата година, а за кршење на правилата ќе мора да плати казна од 1.500 евра.

Иако тој не заминал далеку, доволно било само да се излезе од Мадрид и да биде казнет. Иако, Французинот практично нема да ја почувствува таа сума.

Да потсетиме, Примера се враќа во нормала од 8 јуни, додека продолжението на првенството се очекува на 12 или 19 јуни.

Трката за титулата ќе биде многу интересна, затоа што Барселона има еден бод повеќе од Реал.

Поврзани вести

Реал во Обамејанг гледа замена за Бензема

Продолжува трансфер сагата околу Ериксен: Интер нуди 10, Тотенхем сака 20 милиони евра

Никола Поповски

Михајловиќ ги откри деталите од борбата со леукемијата (ВИДЕО)

Фудбалерите останаа на 68-та позиција на најновата ФИФА ранг-листа

Финалето на ЛШ ќе се игра на 23 август

Влатко Зорба

Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе игра за репрезентација на Косово