Фудбал

Зидан: Сè уште не се чувствувам како шампион

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан зборуваше пред дербито против Виљареал во претпоследното коло од Ла Лига. На Кралскиот клуб му требаат 2 бода во преостанатите два натпревари против „жолтата подморница“ и Леганес. Затоа беше запрашан дали би можел да се согласи на две нерешени.

– Не зависи од тоа што го претпочитам или не. Ние сакаме да победиме на мечот во четврток (против Виљареал). Тоа е сè. Ќе се обидеме да го сториме тоа, излегуваме за тоа, како и секогаш. Виљареал излегува за тоа исто така, одговори Зидан.

Тој ги демантираше гласините дека не е среќен во клубот и дека може да си замине.

– Сè уште не се чувствувам како шампион. Никој не знае што може да се случи. Не мислам дека нашите достигнувања се потценети. Среќен сум во клубот. Она што се зборува надвор не е важно, рече францускиот стручњак.

Поврзани вести

Стерлинг: Една третина од играчите во Премиерлигата се црни, но ние не сме застапени во стручните штабови

Де Бруин нема да игра против Јунајтед?

Михајловиќ ја заврши третата фаза од лекувањето и ја напушти болницата

Меси: Се чувствував нападнато од Абидал, се мисли дека имам големо влијание и донесувам одлуки

Никола Поповски

Џерард: Фергусон паметно го одбра моментот да го напушти Јунајтед

Коронавирус во Италија: Без навивачи во Серија А, неизвесен натпреварот Наполи-Барселона

Никола Поповски