Фудбал

Зидан загрижен за Азар пред судирите со Сити и Барселона

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан не е оптимист во врска со учеството на Еден Азар во натпреварите со Барселона и Манчестер Сити следната недела, откако белгискиот напаѓач синоќа претрпе повреда на глуждот.

Тој има проблеми во истата област, што го остави надвор од игра во последните три месеци.

„Мислам дека доби удар во истото место. Дефинитивно не изгледа добро во моментов“, рече Зидан по натпреварот со Леванте (1:0).

Азар ги пропушти првите натпревари во сезоната на Реал Мадрид поради проблеми со мускулите, а на 26 ноември Белгиецот претрпе повреда на глуждот за време на средбата со Пари Сен Жермен.

Поврзани вести

Ждрепката за четвртфиналето на ЛШ ќе биде на 10 јули

Влатко Зорба

На Клоп му било понудено да го предводи Мексико

Финалето на Светското клупско првенство на ФИФА нема да се игра на стадионот „ Education City“ во Доха

Касами: Едногласно одлучивме дека нема услови за избори

Влатко Зорба

Роналдо почна да учи во изолација

Во понеделник почнува продажбата на билетите за мечот против Косово