Фудбал

Златан останува во Милано, ќе заработува 6 милиони евра

Златан Ибрахимовиќ и следната сезона ќе остане во Милано за загарантирана плата од шест милиони евра, пренесува „Газета дело спорт“.

Ибрахимовиќ, кој на 3 октомври ќе наполни 39 години, ќе има и одредени бонуси – 500.000 за освојување на Лигата на Европа, 500.000 за пласман во ЛШ, како и паричен додаток за бројот на голови.

Ибрахимовиќ го започна својот втор мандат во Милано во јануари, откако ја заврши американската епизода во Л.А. Галакси.

Тој постигна десет гола на 18 одиграни натпревари во Серија „А“ и уште еден на два натпревари во Купот на Италија.

Поврзани вести

Меси изгубен: Слика од соблекувалната на Барса го обиколи светот!

Влатко Зорба

Финалето на Лигата на шампионите и Лигата на Европа можно е да се играат без гледачи

Манчестер Јунајтед ја намали цената на Пол Погба

Алегри го одби Арсенал

Влатко Зорба

Судот донесе одлука: Нејмар ѝ должи на Барселона 7 милиони евра

Stefanija Kuzmanovska

Јунајтед конечно се ослободи од прескапиот Санчез

Влатко Зорба