СПОРТ Фудбал

Фудбалер на Јувентус повторно позитивен на КОВИД-19, иако првично беше излечен

Лоша вест доаѓа од Италија: Офанзивниот играч на Јувентус, Пауло Дибала, повторно е позитивен на коронавирус, откако претходно беше објавено дека е излечен.

Ова го објави девојката на Дибала, Оријана Сабатини, која исто така е позитивна.

„На 21 март направивме тест за коронавирус и бевме позитивни. Пред три дена направивме нов тест кој беше негативен. После тоа, направивме уште еден, кој исто така беше негативен, но последниот се врати позитивен. Се уште сме заразени.“, рече Сабатини преку социјалните медиуми.

Аргентинскиот фудбалер најпрво се заразил преку соиграчот Даниеле Ругани, кој беше првиот играч на Јувентус со коронавирус.

„Останав без воздух и немав ништо што можам да направам во врска со тоа“, тој ја опиша неговата состојба  откако за првпат беше позитивен.

Тој исто така имал сериозна кашлица и треска. Но, тогаш се опоравил и планирал да започне со тренинзи, но, сега ќе мора да почека за тоа. Дибала и неговата девојка Сабатини се во изолација заедно, чекајќи повторно да закрепнат.

Поврзани вести

Лампард посакува Вилијан да се согласи на продолжување на соработката

Maja_Serafimova

И УС опен добива нов термин?

Stefanija Kuzmanovska

Атлетико Мадрид во битка за потписот на Матиќ

Баерн го отпушти Нико Ковач

Влатко Зорба

Вејтерс се договори со Л.А. Лејкерс

Без публика дуелот меѓу ПСЖ – Борусија во Лигата на шампиони