СПОРТ Фудбал

Фудбалер на Ваљадолид ја прекршил самоизолацијата, па нападнал полицајци

Шпанскиот фудбалер Педро Поро е казнет поради нарушување на мерката на самоизолација.

Многу бурен ден за фудбалерот на Ваљадолид, кој беше ставен во карантин заради состојбата со коронавирус во Шпанија.

20-годишниот фудбалер, кој е на позајмица од Манчестер Сити подоцна се пожалил на третманот што го добил од полицијата.

Поро живее во Боесил, град на 15 километри од центарот на Ваљадолид, каде пред неколку дена заминал да купува .

„Отидов да пазарам и добив казна. Живеам во многу мал град. Мислам дека е супер што добиваш ако не го правиш тоа што го кажува државата, но јас сум лут за начинот на кој ми се обратија. Не ми пречи казната, туку начинот на кој ми покажаа непочитување, ме прашаа што по ѓаволите правам овде ако сум од Бадахоз“, рече Поро.

Неколку часа подоцна, Шпанецот ја избришал пораката што ја објавил на социјалните мрежи и се извинил.

„Згрешив и сакам да се извинам. Се упатив кон центарот на Ваљадолид со своето возило затоа што сакав да купам нешто што го немавме дома. Откако беше воведена задолжителната мерка карантин, ја почитував во целост, но денес згрешив и се надевам дека ќе бидам пример за другите, пред да решат да ја напуштат куќата без итна потреба.Би сакал да и се извинам и на полицијата во Ваљадолид“, се вели во извинувањето на фудбалерот, по вербално напаѓање на полициските службеници.

Поврзани вести

Жиру сака да бега од Лондон, Челзи не го пушта

Влатко Зорба

Дурант излекуван од коронавирусот

Stefanija Kuzmanovska

Нема бонуси за Реал ако ја освои Ла Лига или Лигата на шампионите

Навивачи на Црвена звезда и Партизан се степаа за графити (ВИДЕО)

Александар Петровски

Наполи нема да ја намалува цената на Кулибали

Демант на ФК „Кул“: Ние воопшто не игравме натпревар

Влатко Зорба