СПОРТ

Фудбалот во Швајцарија добива „зелено светло“, но без публика

Швајцарската фудбалска лига доби „зелено светло“ да го продолжи шампионатот на 8 јуни, под услов натпреварите да се одиграат без гледачи на трибините.

Како дел од ублажувањето на мерките за коронавирус, ќе бидат дозволени тренинзи во групи од повеќе од пет лица за водечките спортови од 11 мај.

Швајцарскиот фудбалски шампионат, како и во повеќето европски земји, беше прекинат кон средината на март.

Во оваа земја, сите настани што собираат голем број на луѓе се сè уште забранети до крајот на август. Ова важи и за атлетскиот митинг на Дијамантската лига, закажан за 20 август во Лозана.

Поврзани вести

Вардар 1961 и Еурофарм ги добија противниците во СЕХА лигата

Александар Петровски

Мурињо: Повредата на Сон ни ги скрши срцата

Меси зема двојно поголема плата од Роналдо

Тимо Вернер е решението за проблемите во нападот на Манчестер Јунајтед

Maja_Serafimova

Постхумно признание: Брајант кандидат за кошаркарската Куќа на славни

Stefanija Kuzmanovska

Караско се врати во Атлетико Мадрид