СПОРТ Фудбал

Гатузо потврди дека Милик сака да го напушти Наполи

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо, потврди дека напаѓачот Аркадиуш Милик е близу да го напушти тимот.

– Тешко е да се најде некој подобар од Милик. Во секој случај, ако играчот е сигурен дека своето време во клубот е изминато и сака да ја промени ситуацијата, тогаш треба да го слушнеме ова. Не можете да држите некого против неговата волја, мора да ги почитувате желбите на играчот, изјави Гатузо.

Во сезоната 2019/20, Милик одигра 29 натпревари за Наполи, постигна 13 гола.

Претходно интерес за него пројави Јувентус.

Порталот „Transfermarkt.com“ ја проценува вредноста на 26-годишниот Полјак на 32 милиони евра.

Поврзани вести

Гвардиола: Не е крај на светот ако не ја освоиме ЛШ

Сетиен: Сакаме да ги освоиме Ла Лига и Лигата на шампионите

По триумфот на Австралија опен, Ѓоковиќ повторно број 1 на АТП ранг листата

Играч на МЛС: Ибрахимовиќ ги навредуваше своите соиграчи цели 90 минути

Бернардески на излезна врата од Јуве по ангажирањето на Кулушевски

Металург го надигра Тинекс Пролет

Влатко Зорба