СПОРТ Фудбал

„Газета“: Пјаниќ рече „да“ на Барса!

Италијанска „Газета“ носи ексклузивни информации дека репрезентативецот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, рекол „да“ на Барселона!

Истата информација ја пренесе и доверливиот „Мундо депортиво“, кој е запознаен одблиску за случувањата во каталонскиот клуб.

Во претходните денови имаше информации дека Барса е заинтересирана за Пјаниќ, додека Артур може да замине во спротивна насока.

Сепак, бразилскиот играч од средниот ред нема намера да ја напушти Барселона, па резервната опција на Каталонците е да им ги понудат на Јувентус Ракитиќ и Артуро Видал.

Сепак, согласноста на Пјаниќ за трансферот не мора да значи ништо ако клубовите не постигнат договор на крајот и Јувентус не е задоволен од понудената размена.

Претходно се појавија информации дека Барса ги сака Родриго Бентанкур или Федерико Бернадески наместо Пјаниќ, па нема сомнение дека следните неколку дена ќе бидат особено интересни кога станува збор за овие два клуба и потенцијалните трансфер бомби.

Поврзани вести

Семедо на излезна врата од Барселона, Депај главна мета на каталонскиот клуб

Александар Петровски

Газдите на Наполи размислуваат за отпуштање на Гатузо

Ново шоу на Ѓоковиќ и италијанскиот новинар на прес-конференцијата по освојувањето на Австралија опен (видео)

Никола Поповски

УЕФА нема резервен план за ЛШ

Влатко Зорба

Роџерс по поразот од Ливерпул: Горд сум на мојот тим

Влатко Зорба

Рајан Бабел се враќа во Ајакс