СПОРТ

Ѓоковиќ го тешеше Троицки по поразот во Дејвис купот

Српската тениска репрезентација вчера загуби од Русија и последен пат се појави во тој состав, па затоа поразот многу тешко им падна на некои од тенисерите кои не можеа да ги запрат солзите.

Виктор Троицки кој со Новак Ѓоковиќ загубија меч во дубл на кој пропуштија три меч-топки, не го криеше разочарувањето и тагата, па веднаш почна да плаче, а Ѓоковиќ се обидуваше да го утеши.

Уште поемотивни сцени имаше на прес-конференцијата. Јанко Типсаревиќ потврди дека ја заврши кариерата и често гледаше во земја, а солзите не може да ги запрат ниту селекторот Ненад Зимоњиќ и Филип Крајиновиќ. Најдобриот тенисер, популарниот Ноле, се обидуваше да ги контролира емоциите. 

Поврзани вести

Клиперс го соладаа Лејкерс во градското дерби на Лос Анџелес

Maja_Serafimova

Почина одбојкарот Дени Стојчев

Maja_Serafimova

Евертон и Арсенал сакаат да го доведат Рабио

Луиџи ди Бјаџо е назначен за нов тренер на СПАЛ

Клоп може да го замени Јоаким Лев на селекторската позиција во германската репрезентација

Болидот на Ферари 412 Т2 од 1995 година на Шумахер ставен на аукција