Други спортови СПОРТ

Ѓоковиќ нема да ја брани титулата во Париз, а рекордот ќе им го посвети на мајката и сопругата

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ наскоро ќе стане рекордер во тенисот.

Гренд слем титулите се веројатно најголемиот параметар, но многу важна ставка во трката за „GOAT“ со Роџер Федерер и Рафаел Надал е бројот на недели поминати на врвот на АТП-листата.

Актуелен рекордер е Федерер со 310 недели, а Ѓоковиќ е 291 недела на чело на АТП караванот и се очекува да го престигне во март следната година.

„Можам да го срушам рекордот за 8 март. Ако тоа се случи, ќе им го посветам на мајка ми и сопругата“, изјавил Новак за „Спортски журнал“.

Српскиот тенисер деновиве престојува во Белград, каде тренира со талентираниот јуниор Хамад Меџедовиќ пред неговиот настап на турнирот во Виена.

„Сè уште не сум сигурен дека ќе го соборам рекордот затоа што зависи и од Надал и од Тим како ќе одиграат до крајот на годината, како и од следниот Австралија опен, но јас сум во многу добра позиција”.

Сепак, скоро е сигурно дека Новак ќе стане рекордер по одлуката на АТП-турнејата да ги „замрзне“ бодовите, односно да не мора да се бранат.

„Тоа е во моја корист. Сега имам скоро 2.000 поени повеќе од Надал, и тоа е огромна предност, и ќе се обидам да ги искористам овие можности“, е оптимист Ѓоковиќ.

Тој објаснил и зошто решил да не учествува на Мастерсот во Париз.

„Нема да играм на Мастерсот во Париз, бидејќи не можам да освојам нови бодови таму. Затоа ќе одам во Виена и Лондон. Не учествував на турнирот во Виена минатата година и можам да освојам до 500 поени, а во Лондон се многу бодови во игра“, заклучил тој.

Поврзани вести

Кој ќе игра во европските натпреварувања: На Арсенал, Атлетико, Шалке и Рома најмногу им одговара крај на сезоната

Клоп: Момците играат во нивните дворови како да се деца на пет или шест години

Ливерпул нуди 60 милиони евра за Тимо Вернер

Серхио Рамос застана во одбрана на судијата од дербито со Барселона

Доминик Тим тестиран за коронавирус по престојот во Белград

Влатко Зорба

Клиперси го преслушаа Денвер во дербито на Западот