СПОРТ

Ѓоковиќ се огласи по нападите: Луѓе, јас не проповедам ништо!

Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, учествуваше во уште еден „лајв“ во кој, меѓу другото, тој одговори на критиките што доаѓаат од сите страни,најмногу поради фактот дека не е сигурен дали ќе ја прими вакцината за коронавирус, кога таа ќе биде измислена.

Ѓоковиќ деновиве е под јавен напад поради неговите ставови, кои ги искажува во преноси во живо на социјалните мрежи, и тој реши да одговори, или поточно – да објасни, за сè што ги „мачи“ луѓето ширум светот.

Имено, Новак разговараше со својот пријател пред два дена каде истакна една работа.

„Го кажав тоа во претходните емисии во живо, но мислам дека е важно луѓето да ги слушнат и да се повторат – ова е само наша перспектива за нештата во животот, ние го делиме нашиот животен пат и трансформацијата на каков било вид низ кој сме поминале“, рече Ѓоковиќ, додавајќи: „Благословен сум што имам можност да поканам некои неверојатни луѓе кои го споделуваат својот животен пат, така што луѓето што биле тука можат да слушаат и се надевам дека ќе најдат нешто што ги инспирира и ќе можат да го идентификуваат сопствениот животен пат во нашиот – сите ние поминуваме низ слични емоционални и ментални предизвици. Повторувам – не проповедаме ништо, туку ги споделуваме своите ставови во пријателски разговор“, заврши Ѓоковиќ.

Поврзани вести

Коронавирус во НБА: Заразени играчи на Лејкерс, Селтикс и Нагетс

Пандемијата со коронавирус: Англиски тим претрпува финансиски загуби 9 милиони фунти неделно

Реал Мадрид со голем гест: Сантијаго Бернабеу ќе стане складиште на медицински материјали

Никола Поповски

ФБИ со истрага за несреќата на хеликоптерот на Брајант

Никола Поповски

Поранешниот тренер на Арсенал, Емери може да го предводи Евертон

Maja_Serafimova

Најголемиот трејд во последните 20 години во НБА