Други спортови СПОРТ

Ѓоковиќ: Тажен ден за православието, не ми се играше

Новак Ѓоковиќ го претрпе еден од најболните порази во кариерата, губејќи од светскиот рекет број 42 Лоренцо Сонега со 6-2, 6-1. По натпреварот, тој изјавил дека „денес е тажен ден за православието“ поради смртта на митрополитот Амфилохије и дека едноставно „не му се играло“.

„Многу тажен ден за православието. Амфилохије беше голем борец за православието и некој што беше ѕвезда водилка во Српската православна црква и со српскиот народ во Црна Гора. Имав можност да го запознаам и да поминам извесно време со него и да ја почувствувам неверојатната енергија што ја поседуваше. Иако тој повеќе не е физички меѓу нас, тој ќе биде меѓу нас духовно многу години и му должиме толку многу да го паметиме, да го споменуваме со насмевка и да му бидеме благодарни за сè што направи, особено во последно време. Тој беше храбар кога тие работи се случија во врска со Српската православна црква и им покажа на луѓето како се зачувуваат културното наследство и нашето духовно наследство“, рекол Новак на прес-конференција, пренесуваат српските медиуми.

Новинарите исто така се интересираа колку тажните вести влијае на неговата игра денес.

„Не ми се играше, но не толку што за да не играм поради тоа. Во принцип, не ми се допаѓаше да играм, само дојдов да го работам она за што дојдов овде. Сега се враќам во Србија за да бидам со моето семејство и да се подготвам што е можно подобро за Лондон“, изјавил Ѓоковиќ.

Поврзани вести

ФК Ренова: Најважно е здравјето, не нѐ интересира ПМФЛ

Гвардиола: Не би ме изненадило доколку ме отпуштат ако испаднеме од Реал

Никола Поповски

Коби, Данкан, Гарнет и Бош со номинации за Салата на славните во 2020 година

Шек скршен од болка: Би сакал да имам можност да му кажам само една работа барем уште еднаш… (видео)

Никола Поповски

Претседателот на Барса: Немаме никакви приходи, но засега исклучуваме банкрот

По триумфот на Австралија опен, Ѓоковиќ повторно број 1 на АТП ранг листата