Други спортови СПОРТ

Ѓоковиќ во ненадејна посета на Босна: Замина да ги види пирамидите во Високо (ВИДЕО)

Новак Ѓоковиќ неочекувано пристигна во Сараево во понеделникот наутро.

Многумина на аеродромот во Сараево беа шокирани кога го видоа најдобриот тенисер на светот кој дојде во друштво на неговите родители.

Неговото пристигнување во Сараево не беше најавено, затоа што неговиот егзибициски меч со Дамир Џумхур, кој требаше да се одржи на 5 јули, претходно беше откажан заради веќе познатата ситуација дека турнејата „Адрија“ беше прекината и српскиот тенисер беше заразен со коронавирус.

Откако слета на аеродромот во Сараево, замина во Високо за да го посети Археолошкиот парк „Босанска пирамида на сонцето“.
Домаќин на славниот тенисер е Семир Османагиќ, познат босански претприемач и археолог.

 

Поврзани вести

Креспо: Меси и да не го освои СП, тоа нема да ја намали неговата фудбалска големина

Луис Хамилтон е најбогатиот активен спортист во Британија

Stefanija Kuzmanovska

Меси: Ривалството со Роналдо засекогаш ќе остане во сеќавањето на луѓето

Никола Поповски

Ширер: Ако се прекине првенството, зошто Ливерпул да биде првак?

Милан сака да го врати Ибрахимовиќ

Хјустон извојува победа против Торонто

Maja_Serafimova