СПОРТ Фудбал

Гравина: Сигурно ќе имаме шампион во Серија А

Иако Италија е главното жариште на коронавирусот во Европа, а ситуацијата во земјата е исклучително драматична што ги прави мали шансите за продолжување на Серија А во догледно време, сепак, претседателот на Фудбалскиот сојуз, Габриеле Гравина порачува дека сезоната нема да заврши без шампион.
-Има план на кој му даваме апсолутен приоритет Ќе бидеме среќни ако ја завршиме сезоната на терен. Во контакт сме со ФИФА за продолжување на договорите по 30 јуни. Ако веќе не бидеме во можност да завршиме, во секој случај нема да останеме без шампион, но одлука за тоа ќе донесе Федералниот суд“, нагласи Гравина.
Во моментот на прекин на сезоната поради пандемија на коронавирус, лидер во Серија А е Јувентус со бод повеќе од Лацио.

Поврзани вести

„Ас“: Изборот на Мурињо падна на Реал М., негов асистент ќе биде Чаби Алонсо

user5

Манчестер повторно е црвен!

Влатко Зорба

Меси го извадил Роналдињо од затвор

Влатко Зорба

Вудвард со ветување што ќе ги испрати навивачите на Јунајтед во екстаза

Еуфорија во Црвена Звезда: Легенда на клубот го менува Милојевиќ!

Никола Поповски

Клиперс до петтата последователна победа