СПОРТ Фудбал

Грчката влада ќе потпише меморандум со Чеферин за реформи во грчкиот фудбал

Претседателот на УЕФА Александар Чеферин и потпретседателот на ФИФА Грег Кларк од доцна синоќа се во Атина, а денеска ќе се сретнат со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за да потпишат договор со владата за реформи во грчкиот фудбал.

Чеферин и Кларк вчера се сретнаа со претседателот на грчката фудбалска федерација Евангелос Граменос и разговарале за ситуацијата со фудбалот во Грција.

Претседателот на УЕФА, по средбата, за грчката државна телевизија ЕРТ рече дека смета дека се во правилна насока и изрази оптимизам дека ќе се подобри ситуацијата, а „Грција ќе биде во иста ситуација како во 2004 година, кога стана европски шампион“.

– Не ми се допаѓа изразот Грегзит бидејќи има негативно значење, но треба да ги решиме проблемите, затоа што оваа опасност секогаш постои. Сигурен сум дека нема да се случи, се надевам дека нема да се случи, но секоја страна треба да ја заврши својата работа, рече Чеферин.

Поврзани вести

Маркизио замина во пензија: Жалам што не ја освоив Лигата на шампиони и не играв со Италија на ЕП

user5

Рибери нема да се врати наскоро

Влатко Зорба

Нагелсман најмлад тренер што го помина плејофот во ЛШ

По голема драма МЗТ славеше над Нови Пазар

Приходите од Лигата на шампионите ја пробија границата од 3 милијарди евра

Влатко Зорба

Лампард жали за своите зборови: Би се напил пиво со Клоп

Влатко Зорба