СПОРТ Фудбал

Гвардиола и Стерлинг се огласија по повод актуелната ситуација во клубот

Двегодишната суспензија од ЛШ се заканува сериозно да го повреди Манчестер Сити. Веќе има шпекулации дека шампионскиот тим може да се распадне, а има многу заинтересирани за нивните играчи. Првенствено за менаџерот Пеп Гвардиола и  англискиот репрезентативец Рахим Стерлинг.

Гвардиола веќе се смета за нов тренер на Јувентус, додека Реал Мадрид наводно е подготвен сериозно да го сруши рекордот за највисок трансфер и да го ангажира Стерлинг за околу 200 милиони евра.

„Јас сум играч на Манчестер Сити и само размислувам за предизвиците што претстојат“, рече Стерлинг.

Самиот Гвардиола, од друга страна, најави дека би можел да си замине доколку клубот испадне од Лигата на шампионите оваа сезона. Сепак, според Скај Спортс, тренерот на „Граѓаните“ им кажал на играчите дека останува посветен на клубот и нема намера да оди.

Поврзани вести

Фердинанд: Мора да го почитувате Ливерпул за она што го прават, тие се повеќе од доволно добар тим

Никола Поповски

Водечки епидемиолози песимисти за спроведувањето на Олимпијадата во 2021 година

Stefanija Kuzmanovska

Погба на почетокот на следната недела ќе се врати на тренинзите

Стадионот на Сити ќе стане терен за обука на лекарите

Stefanija Kuzmanovska

ПСЖ не се задоволни од формата на Нејмар

Влатко Зорба

Угледниот италијански неврохирург, Никола Ачијари тврди: Шумахер е непрепознатлив