СПОРТ Фудбал

Гвардиола мака мачи со повредени играчи: Зинченко опериран, ќе отсуствува шест недели

Украинскиот лев бек Олександр Зинченко, денеска во Барселона беше подложен на операција на коленото, а според проценката на лекарите, фудбалерот на Манчестер сити на терен ќе може да се врати за околу шест недели.

Отсуството на 22-годишниот Зинченко е проблем за „граѓаните“, бидејќи тие на листата на повредени од поодамна веќе го имаат дефанзивецот Ејмерик Лапорт. Родри кој наместо во средниот ред, беше приморан да игра одбрана, исто така е повреден, па нема да настапи в недела против Астон Вила во мечот од Премиерлигата.

Зинченко објави фотографија од болнички кревет после операцијата, и се гледа дека е добро расположен. Тренерот Гвардиола рече дека коленото на Украинецот морало да биде „исчистено“, и дека очекува да го има на располагање за пет до шест недели.

Поврзани вести

Чех и Лампард најзаслужни за трансферот на Вернер во Челси

Нојер: Имаме голема одговорност, ако сезоната продолжи во Германија, целиот свет ќе не следи

Дуото Скубе-Дибиров го има најубавиот гол во ЛШ (ВИДЕО)

Никола Поповски

Вилијамс загуби на стартот на турнирот во Монтереј од 199-тата во светот

Трансфер-бомба во последните часови од преодниот рок: Дали Пандев ќе се врати во Интер? (фото)

Никола Поповски

Познато како ќе функционира „новата“ Бундеслига: Дезинфицирање на топката, маски на клупата, гол ќе се слави со лакти