СПОРТ Фудбал

Гвардиола му одговори на Бартомеу: Мој совет е да не зборувате многу, ќе се сретнеме ние во ЛШ

Целиот свет е против Манчестер Сити. Фудбалската планета ужива во одлуката на УЕФА да ги исфрли „граѓаните“ од Лигата на шампионите, а еден од првите што го поздрави ваквиот потег на организацијата е Жозеф Марија Бартомеу, првиот човек на Барселона.

„Би сакал да и се заблагодарам на УЕФА за примената на правилата на финансискиот фер-плеј. Фантастична работа е направена на ова поле последниве години. Имаме природна инвестиција и ја поддржуваме УЕФА во сé што е за да се задржи фудбалот чист “, рече Бартомеу во текот на неделата, свесен дека на патот до трофејот во Лигата на шампионите има една пречка помалку, под услов Судот за спортска арбитража во Лозана да не ја прифати жалбата на Англичаните.

И адвокатите на Сити подготвуваат обемна документација, во обид да докажат дека се невини. Пеп Гвардиола реши да му одговори на претседателот на Барселона.

„Прво, да го известам дека ќе се жалиме. Мојот совет до луѓето во Барселона  е да не бидат премногу гласни за ова, затоа што сите понекогаш сме вклучени во нешто. Ќе ги искористиме сите легални средства и се надевам дека во иднина, во Лигата на шампионите, ќе се сретнеме токму против Барселона “, се чини дека Гвардиола има желба да му се реваншира на поранешниот клуб заради сегашните директори.

Истите оние кои радиото „Кадена СЕР“ ги обвинува дека ангажирале агенција со волја да го оцрни угледот на сегашните и поранешните членови на Барселона преку социјалните медиуми. Меѓу другите, се спомнува и името на Гвардиола.

„Не знам дали ме шпионираа, но знам дека нема потреба од тоа затоа што многу добро ме познаваат“, додаде Пеп.

Поврзани вести

Зидан нема изгубено финале со Реал Мадрид

Никола Поповски

Почина 14 – годишен фудбалер на Атлетико Мадрид

Влатко Зорба

Кармело Ентони потпиша со Портланд

Гвардиола: Дури и ако не испратат во Лига 2, јас ќе бидам во Сити

Реал Мадрид ќе ги намали платите? Тоа нема да се случи!

Stefanija Kuzmanovska

Академија Пандев загуби на гостувањето во Велес

Maja_Serafimova