Други спортови СПОРТ

Херојски потег на Хабиб: Не сакал да го повреди својот противник пред неговите родители (видео)

Поранешниот шампион во УФЦ, Даниел Кормие открил како Хабиб Нурмагомедов ја сменил својата тактика среде борбата со Џастин Гејџ, затоа што не сакал сериозно да го повреди пред неговите родители кои го следеле натпреварот во живо.

Хабиб ја одбрани титулата во лесна категорија во саботата, откако го победи Американецот Гејџ. После борбата, Дегистанрцот објави дека ја завршува кариерата. Така, Хабиб е непоразен во УФЦ со резултат 29:0 и ќе остане запаметен како еден од најголемите борци досега.

Во неговата последна борба, Хабиб, покрај спортот, ја покажа и својата човечка величина.

„Зборував со Хабиб. Го гледаше интервјуто во текот на неделата и Џастин кажа дека никогаш не би ја прекинал тепачката. Кога тргна да го заврши, сакаше да го направи тоа со омилениот потег на татко му. Сепак, не го направи зашто можеше да му ја скрши раката на Гејџи. Не сакаше да го повреди ривалот пред неговите родители. Тоа е лудо! Во тие моменти размислувате за такви работи…“, вели Кормие.

 

Поврзани вести

Самсоненко го напушта Вардар, ги ослободил фудбалерите од обврски

Ангеловски: Трети сме, и сакаме да останеме на таа позиција

Рио Фердинанд: Кој ги купува овие играчи во Манчестер јунајтед?

Никола Поповски

Ѓоковиќ го победи Шварцман и испрати порака: „Ни недостасуваат навивачите“

Никола Поповски

Тајсон искрен: Не би имал шанса против Али

Влатко Зорба

Гранит Џака одби да им се извини на навивачите на Арсенал за неговото однесување

Maja_Serafimova