СПОРТ Фудбал

Хулк се оженил со внуката на својата поранешна сопруга

Поранешниот крилен напаѓач на Порто и Зенит сега игра во Кина за Шангај СИПГ, но се чини дека поминиува низ драматичен период  во својот љубовен живот. Бразилскиот интернационалец Хулк, наводно, се оженил со убавата внука на неговата поранешна сопруга, откако ја потврдил нивната врска во декември.

Хулк се развел со 33-годишната Иран Анжело во јули по 12 години заедно, по што во декември се појавија шпекулации дека е во врска со нејзината внука, 31-годишната Камила Анжело. Според неофицијални информации, Хулк се венчал поради фактот што визата на Камила за престој во Кина и истекувала, па тој не сакал таа да си замине. Бразилецот пред да замине во Шангај и да стане еден од најплатените фудбалери во светот играше за Зенит и Порто. За „кариоките“ одигра 54 натпревари во кариерата.

Пост на Инстаграм акаунтот на бразилскиот фудбалер потврдува дека тие се во брак, со прстен во описот на фотографијата. Хулк има три деца со претходната сопруга, на 10, 8 и 6 години.

Поврзани вести

Алегри близу до договор со Јунајтед

Влатко Зорба

Јокиќ го реши Далас (ВИДЕО)

Мурињо: Ливерпул е најдобриот тим во Премиер Лигата, повредата на Кејн ме депримира

Никола Поповски

Македонската репрезентација може да игра на ЕП со Германија, Франција и Португалија

Влатко Зорба

Меси ја известил Барселона дека повеќе нема да игра за тимот

Stefanija Kuzmanovska

Касилјас по шест месеци повторно облече копачки

Влатко Зорба