СПОРТ Фудбал

Ибрахимовиќ е заразен со Ковид-19

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ е позитивен на коронавирус, објавија италијанските медиуми.

Тој нема да биде дел од Милан за натпреварот против норвешки Бодо/Глимт во 3. коло од квалификациите за Лигата на Европа.

Како што се наведува, напаѓачот на „росонерите“ нема никакви симптоми.

Засега, медиумите наведуваат дека само тој е позитивен, иако тој број може да биде значително поголем, бидејќи Ибрахимовиќ бил во директен контакт со многу соиграчи до пред само два дена.

Швеѓанецот постигна три гола на првите два натпревари од новата сезона и за десет дена ќе го прослави својот 39-ти роденден.

Поврзани вести

Клоп денеска ги објави имињата на фудбалерите на кои ќе смета за клупското Светско првенство

Maja_Serafimova

Победа бр. 900 како НБА тренер на Док Риверс

Влатко Зорба

Ангеловски го објави списокот за плејофот со Косово и двете пресметки од Лига на нации

Влатко Зорба

Леброн и Јанис ги избраа своите тимови за „Ол стар“ натпреварот

Скандал во Португалија: Играч на Порто напушти меч поради расизам и им возврати со среден прст (фото+видео)

Никола Поповски

Одложени финалињата на Лигата на шампионите и Лига Европа!

Влатко Зорба