СПОРТ Фудбал

Ибрахимовиќ: Ковид-19 собра храброст да ме предзвика

Коронавирусот не го заобиколи ниту Златан Ибрахимовиќ, кој бил позитивен на Ковид-19 во четвртокот.

Оваа информација ја објави неговиот клуб Милан, а подоцна и самиот Швеѓанец се огласи.

Во пресрет на мечот против Бодо/Глимт, кој ќе го пропушти Ибрахимовиќ, тој на својот профил на Твитер напишал:

„Вчера бев негативен, денес сум позитивен. Немам никакви симптоми. Ковид-19 имаше храброст да ме предизвика. Тоа е лоша идеја“, објавил Златан.

Се проценува дека Ибрахимовиќ ќе биде десет дена во карантин, што значи ќе пропушти два или три натпревари во Серија А.

Покрај него, во Милан позитивен е и Лео Дуарте.

Поврзани вести

Гризман демантира дека има проблеми во Барселона

Погба ќе почека за своето враќање на терен, се разболе

Погба бил фан на друг тим во Англија

„Баварската машинерија“ под водство на Флик е најефикасниот тим во ТОП 5 лигите во Европа

Мерцедес покажа елементи од новиот болид

Иванишевиќ негативен на коронавирус, испрати важна порака до сите заразени

Stefanija Kuzmanovska