СПОРТ

Ибрахимовиќ официјално фудбалер на Милан

– Златан Ибрахимовиќ и официјално веќе е фудбалер на Милан. Денес Ибра потпиша за „росонерите“ и беше претставен пред навивачите. Швеѓанецот ќе носи дрес со број 21. Златан изјави дека е во одлична форма и призна дека не сакал да го напушти клубот во летото 2012 година.

Во тоа време, Милан за последен пат стана шампион во својата историја, но ја продаде својата голема sвезда на ПСЖ.

Еве што рече Ибрахимовиќ на прес-конференцијата за време на неговата презентација:

„Среќен сум што повторно играм за Милан. Овој клуб е во моето срце. Навивачите ме прават уште порадосен. Тие се исто така ентузијастички настроени, што ме прави исклучително среќен. Врската помеѓу нас е исклучително силна.

Јас сум во одлична форма и подготвен да играм за клубот уште денес. Морам да признаам дека не сакав да го напуштам Милан во 2012 година. Не се согласив со овој трансфер, но на крајот потпишав со ПСЖ.

Милан е мојот клуб. Јас го сакам овој клуб. Во срцето ми е. Важно е што повторно ќе играм во Милано. Имам 38 години, но можам да му дадам на Милан уште многу“, изјави Ибра.

Поврзани вести

Лејкерс се збогуваа со Коби: Многу емоции и солзи во „Стејплс“ (видео)

Никола Поповски

Официјално: Ливерпул потпиша со новата јапонска фудбалска ѕвезда(ВИДЕО)

Никола Поповски

Фиго на второ место на рангирањето на најскандалозните трансфери според ЕСПН

Клоп: Исклучително сум горд на своите играчи и се надевам дека тоа е случај и со навивачите

Солскјер со пофални зборови го спореди Маркус со Роналдо

Maja_Serafimova

Ваљадолид го доведе Бен Арфа