СПОРТ Фудбал

Игало надвор од групата на Јунајтед заради коронавирусот

Новиот напаѓач на Манчестер Јунајтед, Одион Игало, денес нема да патува со тимот во тренинг-кампот во Марбела, Шпанија, поради загриженост во врска со мерките за контрола за спречување на епидемијата на коронавирус.

Игало беше привлечен од „црвените ѓаволи“ на крајот од јануарскиот преоден рок од кинескиот клуб Шангај Шенхуа и пристигна во Манчестер на почетокот на февруари. Денес, менаџерот Оле Гунар Солскјeр и неговите пулени заминуваат на камп во Марбела, но Игало нема да патува со нив. Причината е што клубот е загрижен што Велика Британија може да ги заостри мерките за безбедност поради ширењето на коронавирусот во наредните денови и дека нигерискиот репрезентативец нема да добие право да се врати во земјата по крајот на кампот, бидејќи сè уште не истекле 14 дена од престојот на Игало во Кина.

– Секако дека би сакал да дојде и да се запознае со другите играчи, но ние не сакаме да го преземеме тој ризик, изјави Солскјер на официјалната веб-страница на Манчестер Јунајтед.

Во наредните денови Игало ќе има индивидуални тренинзи во клупската база Карингтон.

Поврзани вести

Милан сака да го врати Ибрахимовиќ

Богдановиќ ја одбележа НБА вечерта со кош во последната секунда (видео)

Никола Поповски

Премиер лига: Црвен картон за кашлање кон противникот ?!

Влатко Зорба

Лоша вест за Тотенхем, Кејн може да биде аут долго време

Влатко Зорба

Зидан: Најдобриот тренер на светот моментално е во Англија

Никола Поповски

Каталонските власти одобруваат референдум за гласање недоверба на претседателот на Барселона