СПОРТ Фудбал

Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе игра за репрезентација на Косово

Илија Ивиќ е првиот српски фудбалер кој ќе игра за репрезентација на Косово. Тој доби покана од селекторот Бернард Шаландес, има 17 години, игра на позицијата стопер и неодамна потпиша професионален договор со екипата на Фљамуртари од родната Приштина.

„Почнав да играм фудбал на 17 години. Првите чекори ги направив во Грачаница. Три години бев во Фљамуртари и ова навистина го сметам за свој дом. Убаво сум прифатен и се е како треба“, вели Ивиќ.

Ивиќ веќе е член на првиот тим на Фљамуртари, со кој беше и на зимските подготовки во Турција.

„Секако дека сум радосен што играм за Фљамуртари, одлично беше на подготовките бидејќи видов дека мојата работа и квалитет се ценат што ми даде сила да продолжам со исто темпо“, додава младиот играч.

Ивиќ доби покана за настап за Косово, бидејќи изрази каење што го одби повикот на селекторот и во првата наредна прилика ќе заигра за косовскиот национален тим за играчи до 19 години.

„Дел од мене се кае, но моментно за мојата кариера е од исклучително значење да бидам репрезентативец“, заврши Ивиќ.

Поврзани вести

С.Македонија поразена во Виена во квалификациите за ЕП 2020

Влатко Зорба

Ван Гал: Морав да преживеам 6 месеци со јаже околу вратот во Јунајтед

Ванеса Брајант за првпат се огласи после трагедијата: Би сакала да се тука засекогаш со нас, дефинитивно ни се потрбени… (фото)

Никола Поповски

Гобер се шегуваше за коронавирусот, по три дена и тој се зарази (ВИДЕО)

Натпреварот на младата репрезентација против Фарски Острови е одложен за јуни 2020 година

„Златната топка“ е за Лионел Меси

Влатко Зорба